Нурнете во летото - голема летна акција во Gorenje

Јули и август се месеците во кои сакаме да уживаме. Ги чекаме цела година, а потоа во топлите летни денови сме спремни да си угодиме на разни начини. Затоа Gorenje подготви голема летна акција со апарати кои се вистински спас во овој период од годината. Искористете го промотивниот период до 31.08.2022 година и нурнете во летото со неверојатни цени!

Мини шпоретот Gorenje OM30GBX е одличен избор за вашата летна кујна, тераса или камп приколка. Со моќност од 1600 W, пет режими на рерната и две електрични зони за готвење, овој мини шпорет може да се нарече мини кујна. Електричните зони можат да работат истовремено со рерната, за да имате совршена комбинација. Со Gorenje мини шпоретот можете да подготвувате повеќе јадења одеднаш, а ако не сакате да губите време гледајќи на саат, само подесете го тајмерот на рерната која ќе се исклучи кога јадењето ќе биде готово.

По сите подготвени оброци во текот на денот, време е да се измијат садовите. Не е толку страшно како што звучи. Особено ако имате машина за миење садови со доволно простор, па не треба да ги миете садовите рачно. Ако повеќе се фокусирате на уживање во времето со пријателите, наместо да се грижите за миење садови, тогаш машината за миење садови Gorenje GS62040W е совршен избор. Покрај тоа, машината за садови заштедува пари, време, вода и штити од бактерии бидејќи садовите се мијат на високи температури на вода што не можат да се постигнат при миење на раце.

Машината за перење и сушење Gorenje WD10514S има капацитет од 10 кг за перење, капацитет од 6 кг за сушење и 1400 вртежи во минута.  Уникатната функција AllergySteam овозможува ефикасно отстранување на алергените како честички прашина или влакна од домашни миленици со помош на интензивна топла пареа, без да се загрози вашата облека. Благодарение на моќниот инвертер PowerDrive мотор кој е дизајниран без четки, го елиминира механичкото триење. Резултатот е подобро перење, поголема заштеда на електрична енергија, како и значително потивок процес на перење. Згора на тоа, животниот век на уредот е продолжен, а на моторот добивате 10 години продолжена гаранција со регистрација на веб-страницата mk.gorenje.com.

Сепак, тоа не е сѐ! На летната промоција на Gorenje ве очекуваат уште многу неверојатни производи. Нурнете во летото и најдете повеќе информации на mk.gorenje.com

ПР објава