Објавена листа на земји во кои живеат жени со НАЈГОЛЕМИ ОБЛИНИ на светот, а Бразилките воопшто и ги нема: Бројките во сантиметри се неверојатни - ЈА ИМА ЛИ МАКЕДОНИЈА НА ЛИСТАТА?
Истражувањето кое го спроведе компанијата за истражување на пазарот „GitNux“ откри во кои земји живеат жените со „најлуксузни“ облини и најшироки колкови. Иако на почетокот многумина би рекле дека тоа е Бразил бидејќи оваа карактеристика го одредува и изгледот на задникот, оваа земја ја нема на листата. А првите топ 10 земји се прилично изедначени.
„Научивме дека големината на колкот може значително да варира во зависност од факторите како што се возраста, етничката припадност и земјата на живеење“, напишаа истражувачите во нивната анализа на податоците од повеќе извори.
На првата позиција се најде Јужноафриканската Република, а по неа се Аргентина и Шведска. Грција е на четвртото место, а меѓу првите пет се пласираше и Германија.
Целата листа изгледа вака:
Јужноафриканска Република - 106 см
Аргентина - 104 см
Шведска - 103,9 см
Грција - 103,3 см
Германија - 103,1
САД - 102,9
Русија - 102,8 см
Италија - 102,8 см
Австралија - 102,8
Холандија - 102,2 см
Канада - 102 см
Франција - 102 см
Нигерија - 97,9 см
Јужна Кореја - 96,5 см
Јапонија - 96 см.
Нашата земја не е вклучена во оваа анализа на податоци што ја објави nypost.com. Ве изненади ли ова?