Објавена првата фотографија од супермасивна црна дупка: Четири милиони пати поголема од Сонцето (ФОТО+ВИДЕО)

Група научници, со помош на осум радио телескопи ширум светот, наречени „Телескоп Хоризонт на настани“, ја објавија првата фотографија од супермасивна црна дупка лоцирана во центарот на нашата галаксија - Млечниот Пат.

Црната дупка во центарот на нашата галаксија наречена Стрелец А (ѕвезда) е четири милиони пати поголема од масата на нашето Сонце и е оддалечена околу 26.000 светлосни години.


Според американската агенција, истата соработка е одговорна за создавање на првата фотографија од црна дупка некогаш создадена, која е објавена во 2019 година.

Црните дупки се исклучително тешки за фаќање бидејќи се буквално невидливи поради фактот што нивната гравитација е толку голема што ни светлината не може да „избега“ од нив.



Фото: Твитер

Видео: Youtube