Очекуван пораз на Еурофарм Пелистер на гости кај Фуксе Берлин

Очекуван пораз на ракометарите на Еурофарм Пелистер во  групната фаза во Лигата на Европа со 34:25 на гости кај Фуксе Берлин.

Фуксе Берлин во целост ја оправда фаворитската улога на средбата и со девет од девет е прв на табелата.

 Костески, Кисум и Суси беа најдобри во редовите на Еурофарм Пелистер со по пет постигнати голови, додека кај Фуксе Берлин, Гидсел даде шест гола.

 Еурофарм  Пелистер  останува на шест бода и е четврти во групата Д,  во последното коло  што се игра наредниот вторник  ќе го пречекаат Мотор во одлучувачкиот меч за четвртата позиција кој носи место во плеј офот.