Од денеска во Македонија паметните телевизори на Samsung нудат HBO Max

Од денес, паметните телевизори[1] на Samsung нудат HBO Max[2], платформа за стриминг на WarnerMedia. Со пристигнувањето на новата платформа, семејствата во Македонија сега можат да уживаат во богат избор на култни класици, од Хари Потер и неговите пријатели до Игра на тронови и Сопранови, како и во премиерите на 6-та сезона на Озборувања, 3-та сезона на Наследници, и филмовите Дин и Матрикс: Воскресение.

Гледачите исто така ќе можат да гледаат нови серии на HBO Max платформата како што се „Време на победа: Подемот на Лејкерс династијата“, сезона 3 од „Еуфорија“ и „Станица 11“

„Samsung постојано се труди на гледачите на сите видови содржини на нашите ТВ уреди  да им обезбеди најдобро можно визуелно и аудио искуство. Ова партнерство дополнително ја продлабочува нашата посветеност да понудиме разновидни возбудливи опции за забава за целото семејство“, изјави Нејтан Шефилд, директор за ТВ и аудио во Samsung Electronics за Европа.

Како глобален лидер на пазарот за ТВ уреди, веќе 15 години по ред, паметните телевизори на Samsung нудат најширок избор на апликации достапни за корисниците, вклучувајќи голем број платформи за стриминг.

Како да ја преземете апликацијата HBO Max на паметните телевизори на Samsung

За да ја преземете апликацијата HBO Max, вашиот Samsung Смарт телевизор мора да биде поврзан на Интернет. Потоа само одете во продавницата за апликации, која се наоѓа на левата страна од менито на ТВ уредот, пронајдете ја апликацијата „HBO MAX“, одберете ја и кликнете „Преземи“. За да се регистрирате за апликацијата HBO Max, треба да се претплатите. Постојните претплатници на HBO GO може да користат постоечко корисничко име и лозинка /податоци за HBO Max. Новите корисници можат да се логираат преку HBOMax.com или Samsung Checkout.

За повеќе информации посетете го линкот: https://www.samsung.com/mk/

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со идеи и технологии кои носат трансформација. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, лиени и LED решенија. За најновите вести, посетете го прес-линкот на Samsung, http://news.samsung.com.

[1]Достапно на ситеSamsung Смарт ТВмодели од 2016 и подоцна.

[2]Времето помеѓу премиерата и достапноста на апликацијата може да варира. Апликацијата бара интернет конекција за да се преземе и да работи правилно. Платформата Samsung Smart TV ја користат давателите на содржини кои обезбедуваат апликации. Обезбедувачите на содржини можат да ги отстранат апликациите од платформата Smart TV во секое време или да престанат да ги поддржуваат. Користењето на некои апликации може да бара договори со трети лица добавувачи. Некои функции, апликации и услуги бараат согласност за собирање и користење на лични податоци и/или посебна продажба на приклучоци. Креаторите на апликациите може да наплаќаат претплата или договор.


ПР објава