Од каде ковид сертификат на Хитлер? Хакери во Холандија ја ставија владата во неволја! Во тек е голема истрага, еве за колку продаваат QR кодови!
Холандското Министерство за јавно здравје истражува важечки
QR код за пристап до сертификат за вакцинација против коронавирус издаден на
име на Адолф Хитлер
Непознат хакер го создал овој QR код како доказ дека може да прави валидни пропусници под кое било име, пренесува холандскиот RTL Nieuws.
Анонимните хакери за овој портал потврдија дека можат да креираат QR кодови од Франција и Полска, кои можат да се користат и во Холандија бидејќи се европски кодови.
Greenpass intestato a…Fatto. #GreenPassBucato pic.twitter.com/COkFf9bkqu
— giuseppe cruciani (@giucruciani) October 27, 2021
Холандското Министерство за здравство се обидува да открие како точно настанал овој QR код. Можни се различни сценарија, вклучително и одговорното лице да работи за здравствената служба во Полска или Франција.
Сепак, според RTL, Министерството најмногу го загрижува фактот што се украдени тајните кодови на францускиот и полскиот QR систем. Ако тоа се покаже дека е точно, сите QR-кодови во тие земји ќе треба да се реиздадат.
Vaccine pass, crypto keys to generate QR codes stolen. Evidence of sale on dark web - Hitler certification valid in Italy and Europe.
— Dogmelter (@PStewed) October 27, 2021
pic.twitter.com/feLEKLYphs
Нема докази дека се украдени холандски тајни кодови, пишува овој портал.
UPDATE Na een update van de app CoronaScanner laat die nu zien dat de nagemaakte codes ongeldig zijn https://t.co/BQv0iwRN1j
— RTL Nieuws (@RTLnieuws) October 27, 2021
RTL контактирал со лицето кое го направило QR-кодот на Хитлер преку форум каде што ги нудат своите услуги. За RTL изјавиле дека можат да креираат QR код за кое било име, а таа услуга чини 300 евра. Тие исто така рекоа дека можат да прават QR кодови само од Полска и Франција.
Фото и Видео: Твитер