Од почит кон себе, не враќај им се на оние кои еднаш те оставија!
Од почит кон себе, не враќај им се на оние кои веќе еднаш те оставија и гледајќи ги твоите страдања само отидоа без збор...
Немојте да ѝ се враќате на личноста која ви го сврте грбот, која ве остави сам, која не размислуваше како се чувствувате. Немојте да и се враќате на личноста која не ги исполни своите ветувања. Заслужувате личност која ни во сон нема да помисли така лесно да ве остави. Заслужувате љубов во која ќе бидете сигурни и заштитени од патењето и болката.
Заслужувате некојa коja го болат вашите солзи, коja нема да дозволи да се чувствувате како да не вредите. Лесно е да се враќате на нешто што некогаш се случило, да идеализирате, но не правее го тоа. Не верувајте во зборовите кои ви ги кажуваат.
Колку и да ве молат да им се вратите, не правете го тоа. Не им го давајте тоа задоволство, бидејќи никој не може да ви гарантира дека нема да го направат истото. Тие веќе ви покажаа кои се кога прв пат ве оставија. Веќе ви покажаа што мислат и чувствуваат за вас, кога лесно си заминаа и ви кажаа збогум.
Веројатно сакате да бидете сакани. Сакате безгрижна љубов, но тие нема да ви го дадат тоа. Личноста која веќе еднаш ве остави нема да остане засекогаш во вашиот живот.
Не трчајте по нив кога ќе се јават. Не ја исполнувајте нивната празнина. Тие знаат дека ги сакате. Тие се свесни што чувствувате за нив. Сакаат секогаш да сте им на располагање кога ќе посакаат. Не го правете тоа. Не ја подарувајте својата љубов на некој кој не заслужува.
Сакајте се себеси доволно за да не го направите тоа. Свртете се и оставете ја љубовта да умре, во истиот момент кога тие ве оставија. Не се ставајте повторно во иста болка, најдете храброст во себе за да продолжите и најдете некој кој вистински ќе ве сака.
Не се враќајте на лажната надеж. Ниту пак на лажните ветувања. Не се враќајте на патењето и стравот. Не им се враќајте на игрите.
Вие заслужувате многу повеќе.