Од Сариевски до Павароти: Како ли ќе пееше Тоше на 39 години?

Тоше Проески беше и остана најголема музичка ѕвезда од Македонија. За него и денес целиот Балкан пишува и зборува, а неговото име и дело се негуваат. „Усни на усни“, „Тајно моја“, „Чија си“, „Игри без граници“, „Боже чувај ја од зло“, како и сите останати хитови се уште се вртат по радио станиците ширум Балканот.

Доколку беше жив, денес би наполнил 39 години, а прашањето кое ги копка сите негови обожаватели е „Како ли би пеел денес?“, бидејќи сите повеќе или помалку сме упати во неговите вокални способности. За неговиот краток живот успеа да отпее песни од повеќе жанрови, од Сариевски па се до Павароти. 

Затоа, на овој ден, ве потсетуваме на најубавите избедби на нашиот Тоше. Уживајте.

„Зајди, зајди“ - Александар Сариевски

„Дајте вина хочу лом“ - Харис Џиновиќ


„Carrie“ - Europe


„Yesterday“- The Beatles


„Молитва за Магдалену“ - Оливер Драгоевиќ


„Con Te Partiro“ - Андреа Бочели


Павароти