Од ваков коњак во вакво шише има да се опиете од убавина
Наградуваниот архитект Френк Гери создаде ограничено издание за 150-годишнината од брендот Хенеси и нивниот коњак Х.О, за кој се надева дека е нешто кое не сме го виделе до сега
Рачно изработената обвивка, која ја истакнува карактеристичната форма на шишето Хенеси Х.О, е изработена од бронза обложена со 24-каратно злато, за да не поврзе со луксузното потекло на овој коњак. Декантерот е нареден со стаклени елементи, кои на совршен начин ја истакнуваат неговата убавина.
Инспирацијата за дизајнот Гери ја пронајде во реката Шарант, која тече покрај Масион Хенеси во Франција. Користејќи бронза за школката од шишето и следејќи ја нејзината славна форма, Гери сакаше да создаде реплика на текстурата на реката.
Збрчканата површина на школката е создадена на таков начин што совршено ја рефлектира светлината, нагласувајќи го фактот дека е рачно изработена од врвни мајстори.