ОДЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ: Капитал Банка со добивка од 879.000 евра во трите квартала годинава
Со зголемена добивка и раст на приходите во повеќе сегменти од работењето го завршува третиот квартал годинава Капитал банка АД Скопје. Банката која има највисока стапка на адекватност на капиталот, демонстрира отпорност на кризата годинава, па во предизвиците успеа да направи одличен финансиски резултат. Во деветте месеци годинава Капитал банка има добивка од 879 илјади евра што е значајно подобро од истиот период претходната година. Добивката е во услови на раст на приходите и оптимизација на расходната страна.
„Во услови на специфична и тешко предвидлива економска и пазарна состојба, Банката во првите девет месеци од оваа година забележа исклучителна подготвеност и успешност во прилагодувањето на своите деловни активности на предизвиците кои беа и се поставени овој период на целата глобална економија, притоа покажувајќи ја својата општествена одговорност кон поранливите делови на економијата, благодарение на соодветното ниво на ликвидност,исклучителниот квалитет на сопствените средства како и солвентноста која повеќе од двојно повисока од законски минималното утврдено ниво, стои во образложението кон финансискиот резултат на Капитал банка.
Добивката е за 1.077 илјади евра повисока од лани. Она штое позитивно е што за деветте месеци годинава има раст на кредитиорањето на банката и тоа за дури девет проценти. Вкупните кредити на банката изнесуваат нето 1.676.020 илјади денари што е за 134.389 илјади денари повеќе од истиот периодл лани. Кредитно портфолио на физички лицабележи пораст од неверојатни 19 проценти или 122.027 илјади денари. Кредитното портфолио на нефинансиски правни лица бележи зголемување од 1 отсто или 12.362 илјади денари.
Нето приходите од камати до септември изнесуваат 79.114 илјади денари и бележат зголемување од 4 отсто во однос на истиот периодпретходната година. Приходите од каматиизнесуваат 110.121 илјади денари и бележат зголемување од 3 отсто во однос на истиот периодпретходната година. Расходите за камати се за 3 проценти поголеми во однос на претходната година кои заклучно со 30.09.2020 година изнесуваат 31.007 илјади денари.
Забележан е раст и во втората приходна ставка - провизии и надоместоци. Нето приходите на крајот на тромесечјето изнесуваат 18.557 илјади денари се за 18 отсто повисоки во однос на истиот период претходната година. Приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 10 проценти изнесуваат 31.118 илјади денари, додека расходите за провизии и надоместоциизнесуваат 12.561 и се на исто ниво како и претходната година.
Според билансот на успех, во трите квартали Капитал банка има пад само на нето приходите од курсни разлики. Има намалување за два проценти на трошоците за амортизација кои изнесуваат 3.878 и на трошоците за вработените кои изнесуваат 37.342 и бележат намалување за 28 процети во однос на истиот период во претходната година. Останатите оперативни расходи се на исто ниво како и претходната година и изнесуваат 32.029 илјади денари.
Вкупната актива на Банката на 30.09.2020 година е на исто ниво како и претходната година и изнесува 2.554.147 илјади денари
Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања изнесуваат 10.803 илјади денари и бележат намалувањеод 39 отсто во однос на истиот период лани 30.09. претходната година.
Вкупните обврски на банката на 30.09.2020 година изнесуваат 2.189.854 илјади денари и бележaт намалување од 3 проценти во однос на претходната година.