ОДЛИЧЕН ТЕКСТ НА АВСТРАЛИСКИ НОВИНАР: Новак е виновен затоа што го урна митот и покажа дека сме кукавици!
Австралискиот новинар Скот Мекферсон напиша одлична статија за Новак Ѓоковиќ и ја разбранува тамошната јавност. Прочитајте!
Додека Новак Ѓоковиќ трпеливо ја чекаше одлуката на судот во хотелот за имигранти, испрати кратка порака од Мелбурн за Божиќ и оттогаш не се огласи. За тоа време австралискиот новинар Џејмс Мекферсон напиша интересна статија на порталот „Спектатор“ и ја шокираше тамошната јавност.
Насловот на текстот е „Омразата кон Новак стана национален спорт“. Тој преку својот став зборуваше за целата ситуација, а во таа прилика се обрати и на премиерот Скот Морисон, како и на здравствените власти.
„Целата земја во моментов го мрази Новак бидејќи тој имаше храброст да го направи она што повеќето од нас не сме – да се браниме. Принципиелноста на Новак всушност го покажува фактот дека милиони Австралијци дозволија да бидат малтретирани во претходните две години, а тоа никој нема да го признае. Полесно е да се демонизира српски милионер кој се бранел, отколку да прифатиме дека политичарите и здравствените бирократи нè принудија да им се покориме, започна Мекферсон.
Не ги заборави глупостите што некои ги пишуваа…
„Како поинаку да се објасни реакцијата на луѓето на фактот дека на првиот тенисер во светот му беше забрането да ја брани титулата на Австралија опен и што одеднаш му беше укината визата. Кога доби дозвола, новинар напиша твит кој беше целосно луд, ја покани публиката да го исвирка на стадионот. Тој повика 14.000 луѓе да протестираат заедно во Род Лејвер Арената против вирусот во воздухот“.
Тој е шокиран од начинот на кој размислуваат поединци во Австралија.
„По него друг новинар напиша дека навивачите се плашат да дојдат на турнирот и дека нема да дојдат. Навистина? Луѓето се плашат дека Грен слем шампионот може да излезе на терен, да кашла при размена на бодови и да ги зарази сите на стадионот? Сериозен си!? Па, тој е тенисер, а не сејач на смртта“.
Потоа ги нападна здравствените власти.
„Никој сериозно не верува дека Ѓоковиќ претставува ризик по здравјето и никој сериозно не верува дека неговото протерување ќе ги заштити Австралијците. Во Австралија има над 60.000 нови случаи само во последните 24 часа. Не е дека Новак, здрав тенисер со природно развиен имунитет кој ја победил болеста, ќе може да го скрши митот за утопијата дека во Австралија нема ковид“.
Според него, не го сакаат српскиот тенисер поради една друга работа, а тоа се медицинските податоци.
„Злосторството на Новак е всушност тоа што тој инсистираше медицинските информации да бидат приватни, нешто во што сите верувавме до 2018 година. Тој успешно го претстави својот случај пред независна комисија од шест лекари и здравствените установи на Викторија. Доби дозвола да игра. Гледате што е проблемот, нели? Новак ја чуваше својата медицинска историја за себе, додека ние се одлучивме да ги покажеме нашите медицински податоци на странци, само за да добиеме дозвола за влез во продавница или нешто слично. Новак се бореше и победи за своето право да живее по свои услови“.
На Џејмс му е јасно и дека сето тоа се политички игри.
„Новак доби дозвола да игра на Австралија опен и тоа не значеше дека политичарите не' изиграа. Новак беше прогласен за проблем, а не ригорозните правила што ги прифативме. Правила што не разбеснија само затоа што Новак одби да ги прифати“.
Однесувањето на Скот Морисон беше неприфатливо.
„Премиерот рече дека „правилата се исти за сите“ кога му беше укината визата на Новак. Потоа објасни како Австралија е заштитена поради овие ригорозни правила. Заштитени од што? Расте бројот на заразени, но дали здрава личност со имунитет ќе го влоши сето тоа? А можеби сето тоа има врска со изборите што следат. Вистинското злосторство на Новак е што се бореше за себе и на тој начин покажа колку сме сите кукавици. Не гледајте на Ѓоковиќ како на тенисер кој има некои привилегии, бидејќи ги нема. Не гледајте на него како на некој што покажува непочитување кон Австралија, бидејќи тоа не е така. Гледајте го како одраз на себе во огледалото, бидејќи не можете да му избегате. Освен ако не го скршите тоа огледало“, заклучи Мекферсон.