Одржан регионален состанок за клупско лиценцирање
На иницијатива на Фудбалската Федерација на Македонија на 09.12.2022 година во Хотел Хилтон во Скопје беше одржан координативен состанок за клупско лиценцирање, на кој, покрај домашните претставници беа поканети и одговорните за клупско лиценцирање од Фудбалските Сојузи на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Тема на состанокот беше изготвувањето на новиот правилник за лиценцирање, како и новите дигитални процеси поврзани со лиценцирањето. Во тек е подготовката на нова дигитална платформа за процесот на лиценцирање која се планира да се воведе во текот на следната година.
Во периодот од 2ри до 3ти февруари, 2023 година ФФМ ќе биде домаќин на УЕФА работилница за клупско лиценцирање на која ќе учествуваат една третина од сојузите членки на УЕФА.