Спорт // Спорт
ОФИЦИЈАЛНО: Шкендија и Шаќири се разделија, клубот од Тетово бара нов тренер
Шкендија официјално потврди дека ја заврши соработката со Артим Шаќири, еден ден по поразот од Брегалница во Штип.
Клубот од Тетово официјално потврди дека разделбата дојде по разговорот денес, на Шаќири му посакаа успех во понатамошната кариера.
„Прекинот на соработката во моментов најдобро можно решение за двете страни, ФК Шкендија му се заблагодарува на Артим Шаќири за придонесот во периодот додека го водеше тимот, и му посакува многу успеси во иднина“, стои во соопштението на Шкендија.