Огњен Амиџиќ во болница: Не е коронавирус

Огњен Амиџиќ се разболе, а тестот за ковид-19, што го направи, покажа дека е негативен за вирусот.

Популарниот српски водител има пневмонија, но тој изјави дека засега сè е под контрола.

- Јас се чуствувам добро. Ме примија во болница затоа што лекарите сакаат да ја следат мојата здравствена состојба - изјави домаќинот на „Амиџи Шоу“ за Пинк.рс.

- Тоа е лесна пневмонија, и тој се чувствува одлично - беше речено од екипата на Амиџиќ за Курир.

Патем, водителот беше тестиран за ковид и пред неколку месеци и исто така беше негативен. Авторот на емисијата „Амиџи шоу“ стравуваше дека може да биде заразен на повеќе начини, бидејќи некои од неговите гости беа позитивни на вирусот откако се појавија на телевизија Пинк. 

извор:24sedam.rs

Фото: Marija Timotijević