Огромен успех на A1 Game Fest 2025 powered by Neptun – најголемиот гејминг настан во Македонија!

A1 Македонија објавува дека A1 Game Fest 2025 powered by Neptun успешно заврши и го постави највисокиот рекорд по посетеност и ангажман од своето постоење. Настанот уште еднаш се потврди како најголем и највлијателен гејминг фестивал во Македонија, обединувајќи илјадници љубители на игри, технологија и поп-култура.

Годинава фестивалот донесе најбогата програма досега. Организирани беа 14 натпреварувачки активности, меѓу кои косплеј натпревар, пет бордгејм турнири, натпревар во Warhammer и 1v1 League of Legends дуел. Вкупно 497 учесници се пријавија за натпреварите, од кои 150 се квалификуваа за настап во живо. Посебно внимание привлече косплеј програмата со рекорден број од 19 учесници кои ги претставија своите впечатливи костими.


„A1 Game Fest 2025 претставува значаен пример за тоа како конзистентната поддршка од компании како А1 Македонија директно влијае на развојот на една современа, динамична и обединета заедница. Гејминг културата во земјата расте, созрева и добива се поголема видливост, а ваквите иницијативи создаваат простор каде младите таленти, креативците и ентузијастите можат да напредуваат. Уверена сум дека континуираната поддршка и инвестиција во овие сегменти ќе придонесат за уште посилна, поквалитетна и поинспиративна заедница во годините што следат.“ – .

Над 80.000 посетители го проследија настанот, со шанса да добијат повеќе од 400 подароци, вклучувајќи PlayStation 5 од Нептун, Samsung Galaxy Watch Ultraод компанијата Самсунг, гејмерски периферии, игри и бројни други изненадувања. Новина во ова издание беше тоа што подароците се освојуваа преку учество во Квизот на гејмерско знаење, што внесе дополнителна динамика и натпреварувачки дух меѓу посетителите.


Фестивалот оствари и значителен дигитален опфат: стримот во живо на платформите на GG.MK и А1 Македонија го следеа 41.199 гледачи, а уште 27.896 гледаа преку каналите на осумте јутубери кои стримаа за време на настанот. Тројца од јутуберите годинава за првпат беа дел од фестивалот и имаа можност да се сретнат со своите фанови во живо.

„Со GG.MK веќе 12 години го одржуваме и градиме гејминг комјунитито во Македонија на завидно ниво. Како еден од најстарите подкасти во Македонија кој сеуште живее, имаме шанса да видиме како гејминг генерациите се менуваат, како напредуваат и како се развиваат. Од првиот ден мисијата ни беше јасна – се за комјунитито! Од исто гориво се водам и за јутуберите на A1 Game Fest, ова е одлична шанса нови таленти да бидат видени, да се испромовираат себеси, да се запознаат со фановите и со надеж, да станат поуспешни во тоа што го работат. Тројцата нови јутубери оваа година се прекрасни, скромни, млади луѓе кои грабаат напред во стриминг водите. Им посакувам блескава кариера и помалце тролови!„ – изјави Гораст Цветковски, ко-организатор на A1 Game Fest и ко-основач на GG.MK

A1 Game Fest 2025 беше поддржан со врвна техничка инфраструктура со што посетителите имаа пристап до 3Gbps оптички интернет, а гејмерските компјутери од Нептун работеа на 10Gbps мрежа.

„Како Neptun, со задоволство ја продолжуваме нашата стратешка поддршка на A1 Game Fest – настан кој веќе претставува централна точка на гејминг културата во земјава. Нашето партнерство со фестивалот е директно усогласено со нашата корпоративна агенда за градење посилна препознатливост во IT категоријата.

Нашата амбиција е јасна – да ја доближиме технологијата до секој корисник и да ја засилиме перцепцијата дека Neptun е природната дестинација за компјутери, компоненти, гејминг опрема и напредни технолошки решенија. Учеството во A1 Game Fest ни овозможува да бидеме таму каде што е идната генерација на корисници – активна, дигитална, иновативна.

Веруваме дека континуираното присуство во клучни гејминг и IT екосистеми создава силна основа за подигнување на свесноста за категоријата и поттикнува доверба дека Neptun е партнер кој ја следи и поддржува технолошката еволуција. Затоа ќе продолжиме да инвестираме во вакви иницијативи кои реално ja движат индустријата напред.“ – изјави Станка Трајановска, маркетинг менаџер во Нептун Македонија.

„Поп-културата, гејмингот и технологијата се составен дел од Warner Bros. Discovery, поради што со задоволство бевме дел од A1 Game Fest. Го поддржавме фестивалот со активации за оригиналната HBO серија IT: Welcome to Derry и HBO Max, препознавајќи ја силната заедничка публика што ја делат настанот и серијата / нашиот бренд.“ изјави Желимир Тепеш, Mаркетинг Mенаџер на HBO Adria.

За време на настанот беа искористени 3TB интернет преку Оптика, 4TB проток меѓу компјутерите на играчите, пет рутери, четири аксес-поинти и над 300 метри мрежни кабли.

Ретро корнерот и оваа година беше еден од најактивните сегменти на фестивалот, нудејќи ретро игри, пинбол, фузбалче и air hockey, привлекувајќи континуиран интерес кај посетителите.


Забавниот дел ја постигна својата кулминација со настапот на познатите Лара и Пајак кои со својот динамичен и впечатлив перформанс создадоа забава што долго ќе се памети.

Во организацијата учествуваа повеќе од 80 професионалци задолжени за координација на турнирите, судење, коментар, техничка поддршка, продукција и безбедност, со што беше обезбедено беспрекорно фестивалско искуство.

Особена благодарност A1 Македонија упатува до партнерите Нептун, Samsung, HBO Max и Siesta мебел, чија поддршка беше клучна за креирањето на сеопфатно, модерно и високо квалитетно фестивалско искуство. Нивниот придонес овозможи подобра инфраструктура, богата наградна програма и унапредена содржина што го подигна фестивалот на уште повисоко ниво.

A1 Македонија со ова го заокружува најуспешното издание на фестивалот досега и продолжува цврсто да ја поддржува и развива македонската гејминг заедница.

ПР објава