ОЛИМПИСКИТЕ игри во Токио 2020 за 2021 година се одложени
Меѓународниот олимписки комитет го прифатил барањето за едногодишно одложување на Олимписките игри во Токио поради пандемијата со коронавирусот, изјавил денеска јапонскиот премиер Шинзо Абе.
-Предложив одложување за една година, а претседателот на Олимпискиот комитет Томас Бах стопостотно го прифати тоа – изјавил Абе по заедничката телефонска конференција со претсавниците на Олимпискиот комитет и на јапонската организација.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат следното лето, но нивниот официјален назив ќе остане Токио 2020.
Оваа одлука треба да биде и официјално прифатена од раководството на Меѓународниот олимписки комитет, што е многу извесно, и што ќе биде прво одложување на Олимпијада во модерната ера и во мирнодопски услови. Досега само двете светски војни предизвикале одложување, а потоаи откажување на Игрите.
Олимпијадата во Токио требаше да се одржи од 24 јули до 9 август.