Оманскиот машки парфем на силата: Мистичен и заведува

Amouage Epic Man е луксузен, гламурозен и сензуален парфем за мажи.  Iнспириран e од Турандот на Пучини, поттикнат и управуван од сила и амбиција.

Во срцето на овој неодолив, софистициран, харизматичен и мистичен парфем се гераниум и миро, додека основата на парфемот се состои од мешавина од агар, пачули, темјан, кожа, сандалово дрво, стајрак, кедар, мошус и кастореум.

Парфемот Amouage Epic Man е направен во луксузно и гламурозно шише, инспирирано од зелениот империјален жад на Ориентот, со златни детали кои укажуваат на богатството на Арабија. Созаден е и дизајниран во Оман.

Надворешното пакување на парфемот е во рустикално кафена боја, а наликува на античка кутија.