„Omega“ ги претстави своите два новитети во чест на Олимписките игри
Секој модел претставува омаж на Олимпијадата или на нивниот домаќин...
Сега, откако
помина годишнината од првото слетување на месечината, „Omega“, брендот за часовници кој е тесно
поврзан со тој историски ден, може да го промовира своето следно големо
случување, односно Олимписките игри.
Овој бренд ја имаше привилегијата да го направи официјалниот часовник на овие игри уште во 1932 година, а сега повторно се враќа во таа улога, по дваесет и деветти пат. За да ја одбележат оваа прилика, овој бренд претстави два нови „Tokyo 2020 Limited Edition“ часовници, „Seamaster Aqua Terra Tokyo 2020 Limited Edition“ и „Seamaster Planet Ocean Tokyo 2020 Limited Edition“.
„Seamaster Aqua Terra“ е опремен со првиот керамички бројчаник во оваа колекција, чие сино полирано лице е ласерски изгравирано со амблемот на Олимпијадата, што ќе се одржи во Токио следното лето. Сместен во кутија од нерѓосувачки челик со дијаметар од 41мм, со кристален сафир на задниот дел кој го носи трансферот на амблемот, моделот доаѓа со структурно ремче од сина гума и има додатна нараквица од нерѓосувачки челик, во специјална кутија.
Ограничен на точно 2020 парчиња, овој модел го користи анти-магнетниот „Master Chronometer Calibre 8900“ и се продава по цена од 6.300 долари.
Моделот „Seamaster Planet Ocean“ се одликува со посебно куќиште од не'рѓосувачки челик со дијаметар од 39,5 мм, а украсен е со малку поексплицитно обележување на нациите каде се одржуваат Олимпијадата. На белиот керамички прстен на основата, скалата за нуркање го има бројот 20, исполнет со црвена течна керамика.
Исто така ограничен на само 2020 парчиња, овој модел го користи „Master Chrnometer Caliber 8800“. Доаѓа со бела лента, со придружна нараквица од нерѓосувачки челик и ремче на НАТО, со цена од 7.450 долари.