Тренд // Стил
Опасен и во 70- та: Ричард Гир стана татко по трет пат
Холивудскиот актер Ричард Гир (70) и неговата 33 години помлада сопруга Алехандра Силва (36) добија син, а Алехандра се породи во Њујорк пред неколку дена. Ова е второ дете на двојката. Тој има уште еден син од првиот брак.
Ричард и Алехандра се уште официјално не објавија како ќе се вика нивниот син, а едни од ретките објави за јавноста ги имаше кога Алехандра и актерот се најдоа со Далај Лама кој тогаш и ја стави раката на нејзиниот стомак за да го благослови детето.
Како Будист, Гир е истакнат застапник на човечките права во тибет. Меѓутоа, токму тој факт му донесе забрана за влез во Кина.
Алехандра и Ричард се заедно повеќе од 4 години.