Осмелете се: Модни комбинации кои ќе го освежат вашиот стил
До сосема нов изглед може да дојдете и со мали проблеми. Но, за да оставите вистински впечаток, тие треба да бидат паметни и смели..
Посветете внимание на смелите детаљи
Суптилните промени можат да остават силен впечаток, затоа треба внимателно да ги одберете модните додатоци. На пример, наместо црна кожна торба, изберете ја во коњак боја и истакнете ја со темно син костум и сребрена вратоврска. Купете си класичен часовник со заменливи ремчиња: кафеаво ремче за деловен состанок и црвено ремче за вечерни излегувања.
„Детаљите се одлична тема за да се започне разговор, особено кога изгледате специфично“ – вели Метју Сингер, директор на машка модна куќа, притоа на раката носејќи часовник со ремче од крокодилска кожа.
Покажете ги вашите вистински бои
Мажите често ја предвидуваат вистинската вредност на бојата при купувањето на облека. Ако имате плава коса и сини очи, треба да го истакнете тоа. Со повторувањето на одредени бои, вие создавате ваш сопствен моден потис кој ќе ве разликува од останатите. Тоа значи дека плавите мажи подобро ќе изгледаат со сини модни нијанси, кои ќе ги истакнат.
Сивата боја оди со се‘
Малкумина мажи знаат да искомбинираат (и правилно да носат) две светли бои. За да не се грижите, едноставно изберете светла боја со сива боја. Сивата боја оди со се. Таа функционира како неутрална боја и има малку сина боја во неа, така што боите како жолта, портокалова, зелена или виолетова особено ќе ги истакне.