Основачот на Најк појма немал од бизнис: Милијардите на богот на спортската облека
Немал знаење на дизајнер, ниту имал пари, а вештините на управување и менаџмент му биле прилично ограничени. Сепак, основачот на „Најк“ (Nike) Фил Најт станал повеќе од успешен. Сега е милионер и претприемач за пример.
Компанијата „Најк“ лежи на богатство од околу 100 милијарди долари, а годишно донесува околу 34 милијарди долари и има 74 000 вработени.
Во интервју пред промоцијата на неговата книга „Shoe Dog: A Memoir by the Creator of Nike“, Најт седел со Дејвид Рубинштајн, кој објаснил колку искуство имал Најт кога ја започнал компанијата во 1962 година.
„Ништо не знаеше за дизајн на чевли, ниту многу знаеше за менаџментот и немаше пари“.
И покрај недостатокот на знаење и искуство, Најт открил неколку клучни детали за почетоците на компанијата „Најк“ и како подоцна се вивнала во недостижни височини.
„Ги искористивме сите предности на „бумот“ околу трчањето, подоцна џогингот, што на крајот се претвори во фитнес „бум“... и имавме корист од сето тоа.“
Способноста на Најт и неговиот тим да проценат, и да одговорат на барањата на пазарот им помогнале да ги покријат сите недостатоци и нестручност.
„Ако треба да издвојам една работа тоа би била мојата способност да ги проценам луѓето“.
Очигледно дека оваа, но и другите вештини му помогнале не само да успее со раните партнери на компанијата „Најк“; вработените, туку и подобро да ги разбере клиентите и купувачите, кои со време почнале да купуваат „бренд“-начин на живот и углед, а не само патики.
Најт секогаш поседувал неверојатна страст кон брендот. И самото објаснување на името на книгата ќе ви каже се „“Shoe dog“ (од името на книгата) е некој кој навистина сака патики, а тоа бев јас. Бев атлетичар...тоа ми стана важно и отсекогаш лежеше во мене.
Тоа што не знаете баш се не мора да ви биде препрека да почнете нешто свое. Сепак, би требало да имете и некои други вештини кои можат да ги покријат недостатоците. Ако сте стравствени околу тоа што го работите и сте добри во тоа, на крај се ќе дојде на свое место.