Останете дома и управувајте со бизнис сметките преку Telekom MK апликацијата
§Дополнителни 10 GB интернет за вашиот бизнис
Доколку сте дел од бизнис светот, имате своја компанија или сте дел од неа, изминатите неколку недели сигурно преземате чекори за да управувате со својот бизнис онлајн.
За среќа, постојат дигитални алатки со кои можете да си ја олесните работата и да ја преземете контролата во свои раце.
Со Telekom MK апликацијата, која отсега е достапна и за деловните корисници, можете да раководите со вашиот бизнис уште поуспешно и да добиете дополнителни 10 GB интернет.Апликацијата е современо решение за следење на бизнис динамиката што совршено се прилагодува на вашите потреби, а истовремено нуди и голем број поволности.
Преку Telekom MK апликацијата ќе имате целосна контрола над интернет сообраќајот во тарифата, детален увид во вкупните трошоци, ќе можете да активирате дополнителни пакети и да имате увид и плаќате сметки онлајн секогаш и секаде.
Апликацијата Telekom MK е достапна за сите постојни и нови корисници на Magenta 1 Business и Business тарифните модели, а е дизајнирана да одговори на сите ваши потреби околу деловните активности. Со преземањето на апликацијата, можете да активирате дополнителни 10 GB интернет за вашиот бизнис за само 1 денар.Откако ќе ја преземете од PlayStore или AppStore, потребно е да се најавите: со телефонски број; со постоен профил на Мој Телеком; или со автоматска најава, апликацијата ќе ве препознае како нов корисник. со автоматската најава апликацијата ќе ве препознае како нов корисник.
Јавното здравје е во интерес на секоја одговорна компанија. Останете дома и бидете во тек со вашата редовна бизнис динамика преку современите решенија од понудата на Македонски Телеком.