Освежи го својот дом со паметно купување
Без разлика на големината или стилот на просторот во кој живеете, најважно е како се чувствувате кога сте таму, затоа што домот е местото каде што уживате во сегашноста и сонувате за иднината. Со освежување на домот, ќе донесете нова позитивна енергија во вашиот личен простор.
Внатрешниот ентериер претставува простор за самоизразување и функционално подобрување. Трендовите не мора да се следат слепо, но секогаш може да инспирираат, па затоа најдобрата формула за уникатен внатрешен дизајн е вашата идеја дополнета со моменталните трендовски парчиња.
За успешно да ја искомбинирате вашата желба со трендовите, треба да одлучите кој тековен тренд најмногу ви се допаѓа и да го прилагодите на вашиот животен стил. Исто така, потребно е однапред да го одредите вашиот буџет, за реновирањето и купувањето ново парче мебел да ви претставува уживање, а не нелагодност. Затоа, уште на самиот почеток направете буџетски план за купување мебел и тоа дефинитивно ќе ви помогне полесно да го добиете посакуваниот ефект, бидејќи ќе можете да одвоите одреден буџет за одредено парче мебел.
Пред да започнете со процесот на пребарување, споредување, избирање и купување, треба добро да размислите и да знаете каква визија имате за просторот кој сакате да го освежите. Разграничете со кои бои сакате да го визуализирате домот, кои парчиња мебел ви недостасуваат или треба да се заменат со нови, а потоа одговорете на најважното прашање - како сакате да се чувствувате кога ќе влезете во вашата дневна соба по напорниот работен ден.
Откако ќе ги добиете сите овие одговори, ќе знаете кој е вашиот приоритет, со што ќе започнете со брза и практична селекција преку која ќе го освежите изгледот на вашиот дом.
Во секој случај, одлуката не може, а и не треба да биде избрзана. Кога веќе ќе ги имате сите идеи на парче хартија, започнете со пребарување на моменталните трендови, популарни брендови што ја означиле претходната година и што ќе биде вистински хит во наредната. На тој начин ќе откриете кој од водечките правци на уредување е најблизок до вашата личност и вашиот начин на живот, како и до вашите финансиски можности.
Во последен период, еко-дизајнот на ентериер е еден од најпопуларните стилови. Главен акцент се става на биофилните елементи, одржливите материјали и живите ѕидови. Биофилниот дизајн ја истакнува поврзаноста со природата, буди чувство на одговорност кон околината, поттикнува мир и спокој. Според тоа, во новодизајнираните простории се очекуваат повеќе зелени ѕидови, природна светлина, органски „шмек“ со дрвен мебел, камени детали и сезонски растенија.
Целта на овој вирален тренд е подобрување на општата благосостојба на животната средина и на паметното купување. Самиот термин „еко“-дизајн значи дека нема да издвоите премногу средства за да го освежите домот, а сепак вашиот простор ќе добие нов изглед кој ќе биде функционален и долготраен, а сепак нема да ви „здосади“ до следната сезона.
Дизајнерите се фокусираат на употреба на еколошки и одржливи материјали, на создавање практичен простор, со тоа што даваат предност на мебел што служи за повеќе намени со кој ќе се искористи максимумот од достапниот простор, без да се наруши естетиката.
Доколку ви недостасува инспирација, а интернетот ви е „прва помош“ за идеја плус, тогаш треба да пребарувате многу внимателно. Можеби на почетокот ќе ви се чини дека тоа е идеалното решение за да се инспирирате, но со оглед на тоа што ќе наидете на бескрајни опции, комбинации, позитивни и негативни коментари од различни извори, голема е веројатноста да бидете уште позбунети и целосно да ја изгубите креативноста.
Затоа, понесете ги со вас сите ваши желби, идеи и потреби, и зачекорете во иднината на дизајнот на ентериер. Посетете го Саемот на Мебел кој ќе се одржи од 20 до 24 март во комплексот „Борис Трајковски“ каде ќе може да го пронајдете најповолното решение за вашиот животен простор со најуникатни парчиња мебел.
Оваа саемска манифестација ќе донесе едно поинакво искуство, затоа „Освежи го својот дом“ со паметно купување на Саем на Мебел 2024 година.
ПР објава