Отпорна на нуклеарен напад: Палатата на Ердоган

Иако првичната замисла беше палатата Аксарај или во превод Белата палата да биде место од каде ќе владее турскиот премиер, веднаш по изборот на Реџеп Таип Ердоган за претседател стана негова палата.

Поставена на еден рид во предградието на Анкара и завршена пред три години - Белата палата има 1 100 соби од кои 25 користи само Ердоган.

Изградбата чинела 600 милиони долари, но точните трошоци на ентериерот не се познати. 

Дури 9 милиони долари се потршени за теписи, 8 милиони на завеси, а дополнителни 6,5 милиони долари на 400 дупли стаклени  врати.

Секоја чаша во палатата чинела 320 долари.

Палатата има бункери кои можат да издржат биолошки, хемиски и нуклеарен напад.

Се проценува дека е 30 пати поголема од Белата куќа на САД каде во моментов владее Доналд Трамп. Исто така, најголемата палата е изградена во последните 100 години.