Ова е кинескиот Илон Маск– двојник на милијардерот: Сопственикот на Тесла го заследи и ја коментираше неверојатната сличност (ВИДЕО)

Иако можеби е доволен еден Илон Маск, многумина штотуку дознаа како најбогатиот човек на светот веројатно има двојник.

Тој доаѓа од Кина, а неговата популарност вртоглаво порасна откако Маск го купи Твитер за 43 милијарди долари.

„Кинезот Илон Маск“ деновиве повторно се најде во центарот на вниманието, а многу корисници на Твитер споделија видеа од неименуван Кинез кој го сметаат за двојник на милијардер.

Меѓу другото, двојникот се објави на својот профил каде на лош англиски го покажа симболот на Твитер - сина птица.

- Ова е слободна птица. Ми се допаѓа Илон и сега одам кај него, бидејќи ми е брат – додаде тој под својата објава која за помалку од еден ден собра над 2,8 милиони прегледи.

@mayilong0 This is a free bird.  I like him and I'm going to go to him right now.  Because Elon Musk is my brother#elonmusk #tesla #twitter dance(256762) - TimTaj

Почнаа да следат бројни хумористични реакции, а луѓето најмногу го спомнаа Твитер во коментарите: „Знаеш, сега ја поседуваш таа птица. Те молам пушти ја“, како и оние како „Илон, изгледаш поинаку откако го купи Твитер“.

- Кинескиот Илон Маск ми изгледа подобро отколку вистинскиот. Едвај чекам да видам што ќе направи, напиша еден корисник.

Двојникот на Маск стана вирален кога објави видео на TikTok минатата година каде што стои покрај автомобил имитирајќи го директорот на Tesla, а многумина беа шокирани од неверојатната сличност, до тој степен што мислеа дека снимката не е вистинска, туку направена со технологијата dipfek. 

Инаку, дипфек значи да се вметне нечие лице на нечие тело на реален начин.

- Повеќе личи на Илон Маск отколку самиот Илон Маск - заклучил тогаш еден корисник.

И покрај ваквите коментари, Кинезот не се откажа, па тој продолжи да објавува на профилот во стилот на двојникот на Маск.

Се огласи и милијардерот

Милијардерот исто така одговори на се, откривајќи како и самиот следел човек кој многу личи на него.

„Можеби сум делумно Кинез“, напиша Маск во една од своите објави, чија мајка е Канаѓанка, а чиј татко е Јужноафриканец.


Фото: Профимедиа

Видео: ТикТок