Ова е мајката на Џамбо Агушев: „Мило ми е што си мојата мајка, мојот свет, мојата душа, многу те сакам“

„Златната труба“ на Македонија, па и во светот Џамбо Агушев е еден од најпознатите музичари кај нас. Тој неретко споделува дел од неговото секојдневние со своите фанови и следбеници на социјалните мрежи. 

Овој пат со емотивна порака и фотографија од неговите родители ѝ го честиташе роденденот на неговата мајка:

„Ако има убавина како ниедна друга во овој живот, таа е во твоето срце, драга моја мајко. Нека остатокот од твојот живот помине како убавината на твоето срце, Ишала. Среќен роденден, мило ми е што си мојата мајка, мојот свет, мојата душа, многу те сакам моја убава мајко“.

Очигледно е дека Џамбо убавината ја наследил од неговата мајка, а талентот за музика од неговиот татко, односно од музикалното семејство Агушеви.

А пред неколку дена музичарот сподели фотографии и од неговите најблиски, како се забавуваат на свадба. 

Неговата сопруга Асена со својата убавина маѓепсува. Убава, атрактивна, русокоса дама. 

Фото: Фесјбук - Џамбо Агушев

Р.Ж.М