Ова е најскапиот помфрит во светот: Порција чини 200 американски долари (ФОТО+ ВИДЕО)
Ресторанот „Серендипити“ од Њујорк може да се пофали со три светски рекорди за најскапи јадења,
а последниот на Гинисовата листа е помфрит, чија порција чини дури 200 долари.
Овој помфрит е направен од компири Чипербек, кои се бланширани во оцет и шампањ. Потоа се пржи во чиста маст од гуска, не еднаш туку двапати, поради што е крцкав однадвор и мек одвнатре.
Попрскан со злато за јадење и зачинет со сол од тартуфи и масло од тартуфи, се сервира на кристална чинија со орхидеи, тартуфи и сос од сирење Морнеј. Сосот содржи и тартуфи.
New York City's Serendipity 3 restaurant scored its 10th Guinness World Record with the world's most expensive French fries. The Creme de la Creme Pommes Frites are packed with truffles, topped with 23K edible gold dust and cost a whopping $200. pic.twitter.com/xxWng1bKgK
— CBS News (@CBSNews) July 27, 2021
„Туртуфите се главната sвезда овде“, рече главниот готвач Фредерик Шон-Каверт.
Во моментов постои листа на чекање од осум до десет недели за овој помфрит.
Серендипити веќе собори два Гинисови рекорди за најскап хамбургер, кој чини 295 долари и сладолед од 1.000 долари.
Гинисовата книга на рекорди потврди дека на 13 јули помфритот од овој ресторан е официјално најскапиот на планетата.
Фото: Luxury Launches/ Instagram/Твитер