Ова го сакаме: Совршен одмор во меур на Малдиви
Очигледно, ова лето ќе ги поминеме одморите во безбедното засолниште во нашите домови, ама ако попуштат мерките, еве ви идеја. До душа скапа, ама можеби некој ден...
Пандемијата на коронарнавирус сè уште е во сила, луѓето сè уште се разболуваат, и затоа ограничувањата за патувања не се намалуваат. Меѓутоа, ако случајно наидеме на ламба со дух што ќе ги исполни нашите три желби, со задоволство би размениле две за еден меур од плажа во одморалиштето Seaside Finolhu на Малдиви.
Кога патувањето е конечно дозволено и повторно безбедно, овој локалитет е прв на списокот на места што сакаме да ги доживееме. Ова луксузно одморалиште е под заштита на УНЕСКО и поддржува една од најголемите групи корални гребени во Индискиот Океан. Одморалиштето е отворено во 2016 година и има 125 приватни вили сместени на плажа или над лагуната, од кои некои имаат свои приватни базени.
Сепак, самиот шатор во форма на меурчиња ќе ви го даде најдоброто искуство што секогаш ќе го паметите. Далеку од бучавата и гужвата на цивилизацијата, можете да поминете денови и ноќи и да го изгубите погледот на небото, во друштво на вашата сакана- сакан. Овој шатор има своја приватна бања, дрвен под и двоен кревет со најдобрата најлуксузна постелнина. Кога ќе погледнете нагоре во вечерните часови, кога ѕвездите светкаат на небото, ќе се чувствувате како да сте сами на целиот свет.
Покрај вас, тука ќе има персонал кој ќе биде среќен што ќе организира разни активности за вас - од скара на плажа, до нуркање, кајак и сè останато.
Шаторот во форма на меур е создаден како дело на шпанска компанија, а создаден е од високо-технолошки полиестер и ќе ве заштити од УВ зрачење. Покрај тоа, таа има своја клима и се наоѓа на кратко растојание од фантастичните ресторани кои ви нудат најсвежи специјалитети за морска храна.
Една вечер во меур ќе ве чини 700 долари за две лица. Ако сакате да го доживеете, закажете состанок навреме.