Ова не го очекуваше: Русокоса во долна облека се залета и скокна во замрзнато езеро (ВИДЕО)

Една млада Русинка во провокативна долна облека се залетала и скокнала, како што можете и сами да видите на замрзнатото езеро, наместо во него.

На видеото се гледа како девојката се залетува од дрвениот под, скока и се фаќа за нозете за да направи „бомба“.

Сепак, мразот не попуштил, па таа отскокнала назад и продолжила да се лизга, оставајќи зад себе само мала пукнатина. Таа, видно повредена, некако успеала да се „докопа“ назад.


Иако во позадина се слуша смеата на мажот кој го снима видеото, ситуацијата и не била толку наивна, бидејќи жената го скршила зглобот.

„Трагикомичната“ сцена најверојатно се случила на езерото Балашик, источно од Москва.