Ова се најчудните работи што можете да ги купите на Фејсбук, многу од нив се бизарни (ФОТО)

Корисниците на социјалните мрежи се изненадени, а коментарите се редат ...

Американскиот гигант го лансираше својот пазар во 2007 година, дозволувајќи им на корисниците да објавуваат (класифицирани) реклами во различни категории.

Но, не го постигнаа посакуваниот резултат, па беше претставена редизајнирана верзија во 2016 година, кога е забележан и раст на организираните групи за „купување и продавање“.

Значи, Facebook Marketplace се онлајн огласи каде што можете да најдете широк спектар на работи, често необични и - бизарни.

Ако ги исклучите сите филтри ќе добиете неверојатни резултати, додека описите често се ретки или непостоечки.

И навистина, Marketplace на заинтересираните им нуди да најдат автомобили, мебел, но и тоалетни шолји во вид на тапациран трон, пластични шпагети, кукли со морничав изглед...

Ако се водиме од познатата изрека дека „секоја роба има свој купувач“, тогаш не можеме да се изненадиме.

Фотографиите можете да ги погледнете во продолжение.