Ова суштество им го препречи патот на минувачите на планината Кукавица: ЛИЧИ НА ЗМИЈА но не е – еве за што станува збор

На планината Кукавица во југоисточна Србија забележан е необичен жител на шумските предели кој лесно може да се замени со змија.
Меѓутоа, нема простор за паника – станува збор за безног гуштер, познат како слепиќ.
Ова животно често може да ви го пресече патот, исто како што ѝ се случило и на авторката на фотографијата објавена на страницата „Serbia Wild Beauty“. Луѓето прво се плашат мислејќи дека се работи за опасна змија, но слепиќот е целосно безопасен, и напротив – корисен за екосистемот.
Слепиќот претставува ноќен ловец, но од засолништата најчесто излегува по дожд за да се храни со ситни животни како голи полжави, скакулци, а понекогаш дури и со млади змии. Не е отровен и не претставува никаква закана за луѓето.
Иако нема нозе, постојат неколку јасни разлики помеѓу слепиќот и змијата:
Има очни капаци – за разлика од змиите, кои не можат да ги затворат очите, слепиќот ги поместува капаците и може да трепка.
Видливи ушни отвори – змиите немаат надворешни ушни отвори, додека кај слепиќот тие се јасно видливи.
Покруто тело – телото на змијата е флексибилно и лесно се провлекува низ тесни места, додека слепиќот има покрута структура.
Слепиќот најчесто живее во ливади, шуми и градини. Поради скриениот начин на живот, ретко се забележува, а ако го сретнете, најдобро е да го оставите мирно да продолжи по својот пат – неговото присуство е знак за здрава природа.
Фото: Селена Јовановиќ / Извор: Телеграф