Оваа песна Марина Туцаковиќ ѝ ја напиша на Карлеуша за Душко: Зборовите го навестија точно неславниот крај на љубовта
Големиот хит на Јелена е всушност посветен на нејзиниот сега веќе поранешен сопруг.
Поп дивата Јелена Карлеуша преку својот Инстаграм профил објави дека по 16 години брак и официјално се разведе од фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ.
Јелена Карлеуша потпиша спогодбен развод: Душко не дојде, не прашав зошто
Како што напиша таа, Душко не ни удостоил да дојде, туку го испратил својот адвокат да ги потпише документите за развод. Дополнително, таа додаде дека по денешниот ден повеќе не сака да има ништо со сега веќе бившиот сопруг.
Марина Туцаковиќ во 2008 година напиша песна за Јелена, која пејачката ја посвети на Тошиќ. Станува збор за песната „Тихи убица“, а она што е особено интересно се зборовите на песната кои како да го навестуваат неславниот крај на љубовта.
„За многу работи напишани од Марина Туцаковиќ, јас бев креатор на темата. Седнавме и потоа ме испрашуваше за мојот живот, што има ново, што не... На пример, кога ја напиша „Тивкиот убиец“ , ѝ кажав за мојот турбулентен однос со Душко Всушност, Душко доби своја песна - „Тихи убица“, бидејќи јас зборував за него“, открила Јелена во подкастот на радиото WTF.