Оваа смртоносна болест ја предизвикува стресот: Лекот ни е при рака
Познато е дека од срцев и од мозочен удар годишно умираат илијадници луѓе. Помалку познат е фактот дека всушност само една едноставна промена може да ни го спаси животот.
Дали за Вас „чашата е полуполна или полупразна“? Вашето гледиште за животот директно влијае на квалитетот на вашето здравје и може да делува позитивно или негативно.
Науката откри дека набљудувањето на светот низ „розови очила“ го намалува ризикот од срцеви или од мозочни удари за неверојатни 35 отсто. Едно истражување покажа дека оптимистички настроените луѓе имаат 14 отсто помалку шанси да починат рано, без разлика која и да е причината.
Луѓето кои размислуваат позитивно, повеќе вежбаат и поздраво се хранат, а на тој начин го штитат и своето здравје. Покрај тоа, таквите луѓе многу полесно се носат со стресот и со анксиозноста кои се главните причинители за кардиоваскуларни заболувања.
Истражувањата покажаа и дека кај личностите кои живеат во благосостојба, кои имаат подобар финансиски статус, драстично е намален ризикот од појава на болести како што се зголемен крвен притисок и холестерол.