ОВАА СУПСТАНЦА ГО ПОПРАВУВА ТЕЛЕФОНОТ ЗА 20 минути! Научниците најдоа решение за испукани екрани!

Два тима истражувачи од Јужна Кореја објавија дека нашле решение за проблем што мачи милиони луѓе ширум светот - испукани екрани за мобилни телефони

Експертите од Корејскиот институт за наука и технологија при универзитетот Јонсеи успеаја да развијат полимер што може да се вгради во ЛЦД-екраните, како што се оние инсталирани на паметни уреди, и кој е способен да ги поправи пукнатините.

Го враќа телефонот во првобитна состојба во рок од 20 минути

Научниците објавија дека користеле супстанца добиена од ленено масло, која може да се врати во првобитната состојба под УВ-светло во рок од 20 минути, или на собна температура во рок од 12 часа.

Како што објаснија, научниците создадоа полимер кој содржи микрокапсули со ленено масло во комбинација со силикон. Тој полимер потоа се претвора во заштитен слој што може да се нанесе на екранот на паметниот телефон.

Кога ќе се појави оштетување, микрокапсулите пукаат и ги пополнуваат пукнатините, поправајќи го оштетениот екран.

Ова, сепак, не е ниту прв ниту единствен изум што „ги поправа“ оштетените екрани на паметните телефони, но проблемот е што ваквите системи се уште се премногу скапи за да бидат достапни за масите, па корисниците, во повеќето случаи, плаќаат повеќе за да се збогуваат со скршените уред и да купат нови, отколку да ја поправат штетата

Транспарентните полимиди со само-лекување можат да бидат решение за продолжување на животниот век на мобилните телефони, особено флексибилните екрани и електронските материјали.

Извор: Информер

Фото: Шатерсток