Оваа жешка бринета скапо наплаќа друштво, мажите ѝ купуваат што ѝ да посака: Луѓето се згрозуваат кога ја видат со него
- Го живеам животот на Вивијан Вард и многу продавачки во луксузните бутици ми судат
Клои Амур (32), темнокоса убавица од Лос Анџелес која е модел и креатор на содржини за возрасни, вели дека од клиент добила подароци вредни околу 64.000 евра. На листата на луксузни подароци се скапи Шанел чанти и чевли Louboutin.
– Добивањето подароци е еден од моите љубовни јазици – рекла Амур за „Jam Prime“, пренесува „Њујорк пост“.
Меѓутоа, како што тврди таа убавица често е изложена на непријатности додека пазарува, па се спореди со Вивијан Вард (Џулија Робертс) во филмот „Pretty Woman“.
- Го живеам животот на Вивијан Вард и многу продавачки во луксузните бутици ми судат. Кога ќе ја видат разликата во годините меѓу мене и личноста со која отидов на шопинг, мислат дека сум негова ќерка. Се згрозуваат кога ќе сфатат дека јас сум негова девојка – искрена е Клои.
Таа истакнува дека нејзините клиенти обожаваат да ја гледаат како испробува скапа и убава облека и дека се подготвени добро да платат за тоа.
- Еден богат човек обожаваше чевли и долги нозе, па тоа беше една од работите што му се допаднаа кај мене. Дел од неговата фантазија беше дека на девојката и дава работи, но дека таа му приредува мини ревија. Тој посебен човек потроши повеќе од 18.000 евра за мене. Тој е многу богат, 17 години е постар од мене и сек*от не му беше важен – вели таа.
Но, како и во филмот „Убава жена“, Амур понекогаш се заљубува.
- Имав врски со моите клиенти бидејќи се заљубив и развивме романтична врска - изјави Амур.
Таа нема намера да се откаже од луксузот и убавите работи што ги добива. Според неа, и се допаѓаат постари мажи бидејќи се сигурни во себе и знаат што сакаат.
- Ако некој сака да ми купи чанта Диор, зошто би одбила? Напротив, ќе прифатам и ќе побарам уште една. Мажите на моја возраст мислат само за себе, додека постарите сакаат да ме задоволат, а тоа ме радува - заклучила таа.