Овие карактеристики укажуваат на БИПОЛАРНО нарушување: Kако да ги препознаете овие личности
Биполарното нарушување се однесува на чести промени на расположението. Луѓето со ова нарушување преминуваат од манично во хипоманско однесување и целосна депресија за многу краток временски период.
Психолозите откриле дека одредени карактеристики на личноста може да сугерираат дека страдате од биполарно растројство.
Студијата опфати 110 лица со прв вид на биполарно растројство, 85 лица со втор вид на биполарно растројство и 86 здрави луѓе, набљудувајќи ги во период од две години.
Она што го откриле е дека лицата кои имаат голема веројатност да страдаат од биполарно растројство на личноста имаат три карактеристики во нивната личност: невротичност, екстровертност и бескрупулозност.
Невротичност
Невротичноста, односно емоционалната нестабилност е знак на високо ниво на вознемиреност и се карактеризира со чести промени на расположението.
Луѓето кои не се премногу невротични, се емоционално постабилни и не страдаат од вознемиреност. Студијата открива дека скоро сите лица со биполарно растројство на личноста биле невротични.
Екстровертност
Екстровертите се дружељубиви, емотивно експресивни, имаат повеќе пријатели и познаници, излегуваат нон-стоп, имаат многу енергија и први започнуваат разговори.
Резултатите од студијата покажаа дека значителен процент на луѓе со биполарно растројство спаѓаат во групата екстроверти.
Бескрупулозност
Луѓето кои се совесни се организирани, ефикасни, амбициозни и внимателни. Луѓето кои се бескрупулозни се целосен хаос.
Импулсивноста и не размислувањето за последиците од нечии постапки се покажаа како значајна точка што влијае на развојот на биполарно растројство.
извор:krstarica.comфото: versionz - CC BY 2.0