Овие телефони не можат ни да се хакираат, ни да се прислушкуваат
Во Русија започна масовна продажба на крипто-телефони „Kruiz-K“, кои не можат да се пробијат или прислушуваат, изјавија за Спутник од прес- службата на Ростех.
„Телефонот е веќе во продажба. Сериски го произведува и испорачува „Автоматика„. Може да се нарача, а рокот на производство ќе зависи од серијата. Цената на еден уред чини околу 85 илјади рубљи или 1200 евра. Приватно лице не може да го купи, само правно лице, во било која количина “, се вели во соопштението.
Ростех објасни дека оваа машина има инсталирано оперативен систем во реално време со свое производство.
„Не можеме да зборуваме за техничките детали, бидејќи информациите се тајни. Благодарение на примената на техничките решенија и технологијата на знаење од „Автоматика“, уредот е невозможен да се пробие и прислушува “, рекоа од Ростех.