Овој лек го пиеме често, а драстично ја намалува плодноста и го зголемува ризикот за срцев удар
Еден од најпознатите лекови против болки во светот е бруфен. Неговите позитивни ефекти се добро познати скоро на сите, но има негативни ефекти за кои малку се знае.
Нова студија од Европа известува за негативното влијание врз плодноста на мажите. Претходните студии веќе укажуваа на поврзаност помеѓу бруфенот и неплодноста кај жените, а сега се покажа дека има негативен ефект врз плодноста и кај двата пола. Покрај плодноста, редовната употреба на бруфен во повисоки дози и подолг период го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.
Студијата опфати 31 атлетски граден маж, на возраст од 18 до 35 години. На половината им беше дадено 600 мг. бруфен двапати на ден за две недели. На другата половина им беше даден лажен лек (плацебо) исто така двапати на ден во тек на две недели. После две недели, луѓето кои беа на бруфен имаа проблеми со тестисите, вклучително и состојба наречена компензиран хипогонадизам, што влијае на репродуктивното здравје. Ова значи дека бруфенот влијае на хипофизата, што е дел од производството на тестостерон за машкиот хормон, како и на другите процеси поврзани со производството на сперма.
Студијата е комбинација на клинички и основни истражувања на ткиво и на клетки, за подобро да се докаже дека бруфенот може да го наруши производството на тестостерон.
Претходните студии поврзани со лекови против болки укажуваат на главно негативни ефекти поврзани со гастроинтестинални, бубрежни и срцеви проблеми, главно кај постари лица.
Меѓутоа, иако кај мажите не е пронајдена директна врска со причината и ефектот помеѓу бруфенот и плодноста, се препорачува ако маж или жена го земаатповеќе од три последователни дена, прво треба да се консултираат со својот лекар.
Како и да е, бруфенот не е лек што треба да го земате самостојно (на своја рака) без консултација со лекар и долгорочно во големи дози.