Овој необичен „хуманоид“ ќе ве воодушеви: Направен робот што ги потсетува луѓето да носат заштитни маски (ВИДЕО)

Камера вградена во роботот ги скенира лицата на луѓето кои му приоѓаат

Инженерите создадоа робот што регистрира дали луѓето носат заштитни маски и, ако тоа не е случај, љубезно ги потсетува да го сторат тоа.

Ова е нова карактеристика на хуманоидниот робот „Пипер“, кој се користи во некои земји од порано, каде ги поздравува посетителите на продавниците, изложбите и другите јавни места. Камера вградена во роботот ги скенира лицата на луѓето кои му приоѓаат.

Ако открие дека долната половина од нивните лица не е покриена, роботот ги потсетува дека треба да носат заштитна маска. Ако потоа стават маска, роботот им се заблагодарува.


SoftBank Robotics, која стои зад Pepper, тврди дека нивната идеја била да создадат пријателски робот што ќе ги потсетува луѓето да стават маска ако заборават да го сторат тоа.


Видео: SoftBank Robotics Europe

Можеби ќе ве интересира:

Момче направи пиштол за ставање заштитни маски

Психолог открива: Кои луѓе одбиваат да носат заштитни маски