Овој план од исхрана од него направи шампион: Следниве намирници Меси ги избегнува, а на листата задолжени му се овие
Еве што јаде Меси
за да биде во топ форма!
Лионел Меси покажа зошто е еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Да потсетиме, Аргентина вчера на Светското првенство во Катар ја совлада Франција, а по 120 минути игра еден од стрелците за Аргентина беше Меси. Фудбалерот за да биде во добра форма посебно внимание посветува на физичката активност, но и на исхраната која игра голема улога во кариерата на еден спортист.
Што јаде Меси?
Меси има 35 години, а со посебна програма и „комплицирана“ диета го одржува своето тело во топ форма. Италијанскиот нутриционист Џулијано Позер за „Дејли мејл“ откри што јаде Меси според неговите совети и препораки. По неговите инструкции, фудбалерот ослабе три килограми.
Првенствено, нутриционистот има строг однос кон месото, па затоа првиот совет бил да се намали потрошувачката на овој производ.
Пет клучни намирници што ги јаде Меси:
- Маслиново масло
- Интегрални житарки
- Свежо овошје
- Свеж зеленчук
- Пие многу вода
Меси не јаде ништо што е испрскано или загадено со пестициди или хербициди. Тој го советува фудбалерот да се држи подалеку од шеќерот бидејќи тоа е страшно за секој спортист, па слатките се на листата на забранети намирници.
– Тоа е најлошото нешто за мускулите – изјави Посер за „Мундо Депортиво“ и додаде дека Меси не јаде производи што содржат брашно.
Исто така, тој има посебен тренинг план благодарение на кој има доволно сила за натпреварите. Вежбите вклучени во тренинзите на Меси се:
- Чекори
- Истегнување на тетива
- Јаже за скокање
- Планк
- Стомачни
- Мост
- Чучнувања
- Скокови
- Вежби за забрзување
Фото: Youtube - screenshoot
Извор: република.рс