„Овошен здив“ е непознат симптом на опасна болест: „Тоа е необичен знак, малкумина знаат што значи“
1. "Овошниот здив" доаѓа од пореметениот метаболизам на Гликозата кај Дијабетес тип 1 тип 2. Тоа мирис на Ацетон (жените го познаваат, бидејќи порано лакот од ноктите го чистеа со Ацетон). За што се работи? Гликозата нормално се разградува до вода. Кај Дијабетес нема Инсулин, се натрупува шеќерот, јетрата не може да го обработи (метаболизира) и процесот "свртува" и како краен продукт се јавуваат тн кетонските тела, они се три на број, од кои Ацетонот е најпознат.
2. Халитозата е нешто сосема друго и нема никаква врска Ацетонот. Тоа е "смрдлив здив". Доаѓа од присуството на сулфурот во усната шуплина, кои го произведуваат бактерии, поради лоша хигиена,но и уште стотина други причини и причинители, вели Др Коковијадис Димитриос
Невообичаен симптом
Лошиот здив, познат и како халитоза, го нема кај сите дијабетичари“, посочува др. Калдерон. Сепак, постојат неколку причини зошто луѓето со дијабетес може да имаат лош здив. Прво, тие се поподложни на болести на непцата, како што се гингивитис и периодонтитис. Според истражувањата, околу една третина од луѓето со дијабетес страдаат од проблеми со непцата.
„Високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до вишок шеќер во плунката, која станува храна за бактериите во устата. Тоа може да доведе до акумулација на наслаги, болести на непцата, расипување на забите, а со тоа и лош здив“, нагласува докторот.
„Кај дијабетес тип 2, лошиот здив често укажува на неконтролирано ниво на шеќер во крвта“, додава др. Калдерон. Но, понекогаш лошиот здив може да биде резултат на едноставна дехидрација и сува уста. Доколку овој проблем продолжи, се препорачува консултација со лекар.