Озлогласениот силувач избегна затвор, за гнасните злосторства ја обвини својата – поделена личност

Што е дисоцијативно нарушување на идентитетот и кога оваа дијагноза првпат се користела во одбрана на суд? 

Во 1970-тите, судењето на Вилијам Стенли Милиган (1955-2014) ја подели американската јавност. Младиот човек бил на обвинителна клупа за многу тешки кривични дела - вооружен грабеж и три силувања - но не поминал ниту еден ден во затвор. Имено, неговите адвокати успеале на суд да докажат дека како резултат на злоставувањето кое го претрпел како дете, развил она што експертите го нарекуваат дисоцијативно нарушување на идентитетот, а што луѓето го нарекуваат поделена личност. Ако им се верува на бранителите, во него „живееле“ дури дваесет и четири различни луѓе, а за секој од нив имал различен глас и израз на лицето. „Вистинскиот Милиган“ наводно не знаел дека една од тие личности ги извршила злосторствата за кои е обвинет. Наместо во затвор, долги години помина во затворена психијатриска установа.