ПАЦИЕНТИТЕ СО ВИСОК, НО И СО НИЗОК ПРИТИСОК ВО ГОЛЕМ РИЗИК ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН: Лекарите предупредуваат на опасност од мозочни и срцеви удари

Високите температури не попуштаат веќе неколку дена, но загрижува фактот што метеоролозите и за наредната цела недела прогнозираат дека термометрите нема да се спуштат под 40 степени. Дури и за Скопје се предвидува дека во среда ќе бидат измерени 41 степени, што би била прва највисока температура во текот на летово. Топлината може да влијае на секого, но некои луѓе имаат поголем ризик од сериозни здравствени оштетувања, а секако поранливи се постарите луѓе и бебињата.

Во оваа насока, лекарите појаснуваат што предизвикува екстремната топлина на човековото тело и предупредуваат дека пациентите со висок притисок, но и оние кои имаат низок крвен притисок може да имаат големи проблеми и тешки последици по здравјето.

-Како што телото станува потопло, крвните садови се отвораат. Ова доведува до намалување на крвниот притисок и го тера срцето да работи понапорно за да ја турка крвта низ телото. Ова може да предизвика благи симптоми како што се чешање поради топлотен осип или отечени стапала бидејќи крвните садови се шират. Во исто време, потењето доведува до губење на течности и сол, заради што на удар се пациентите кои имаат константно низок притисок. Ова, во комбинација со намалениот крвен притисок, може да доведе до топлотна исцрпеност. Симптомите вклучуваат: вртоглавица, гадење, несвестица, конфузија, мускулни грчеви, главоболки, засилено потење, замор. Ако крвниот притисок премногу се намали, ризикот од срцев удар се зголемува, велат матичните лекари кои деновиве се соочуваат со поголем борј пациенти.

Целиот текст на ФАКТОР