Паметните домови како наша сегашност и иднина
Виртуелниот настан Bespoke Home 2021, на кој компанијата Samsung Electronics ќе ги претстави најновите иновации за паметни домови со флексибилни и иновативни можности, ќе се одржи на 11 мај во 16 часот. Помеѓу уредите кои ќе бидат претставени, Samsung ја најави најновата Bespoke серија уреди за домаќинство и услуги, како и проширување на познатите Bespoke фрижидери на пазарот во различни региони, вклучувајќи ги Северна Америка и Европа.
„Многу сме возбудени што на корисниците ќе им покажеме модерен дизајн, флексибилни можности и паметни опции за поврзување во рамките на нашата визија за Bespoke паметен дом. На настанот ќе ги претставиме постојните апарати за домаќинство со проширени можности, како и комплетно нови производи и услуги. Покрај тоа, едвај чекаме со нив да ја споделиме и нашата упорност кон целите на глобалната одржливост и екологијата - светот многу се смени во текот на изминатата година и сега дојде време домашните апарати целосно да се прилагодат на новото нормално“, рече JaeSung Lee, претседател и директор на одделот за апарати за домаќинство во компанијата Samsung Electronics.
Покрај тоа, Samsung голем фокус на овој настан стави и на создавање технологии кои овозможуваат поголема одржливост. Преку намалување на отпад и потрошувачката на енергија, Samsung е упорен во обезбедувањето долготрајни, енергетско-ефикасни производи кои заедно со корисниците ќе го намалат глобалното загадување.
Следете го Bespoke Home 2021 преку глобалниот Samsung YouTube канал или официјалната Samsung веб-страна, како и преку Newsroom.samsung.com.