Пандев, Елмас и Ангеловски во најдобриот премиум центар на „Аџибадем Систина“- ова е европско

Фудбалската еуфорија кулминира пред стартот на Европското првенство, а спортскиот натпреварувачки дух во следниот период ќе ги потенцира заедништвото, гордоста на успесите и очекувањата за што подобар резултат на македонската фудбалска репрезентација. Фудбалерите веќе нè направија горди, а кон нив сега е целиот притисок да ја комплетираат приказната. Сега најдобрите меѓу нив добија и нов пријател – Клиничката болница „Аџибадем Систина“. А токму таму од неодамна функционира Премиум центарот за здрав живот и физикална терапија. Стрелците Горан Пандев и Елиф Елмас и селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, добија Platinum member card од центарот, картичка со која имаат посебни бенефиции  во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Премиум центарот за здрав живот што функционира во рамки на болницата е распространет на површина од 1.130 метри и е опремен со современи ординации и апарати за физикална терапија, сала со најмодерни справи за функционални вежби, сали за аеробик и пилатес, оддел за нутриција, парна бања, финска сауна, ВИП-соби за масажа. Пандев, Елмас и Ангеловски се воодушевени од условите и опременоста на центарот. Нивниот успех и кондицијата и во следниот период ќе се оплеменуваат токму овде.

„Се работи за еден прекрасен центар, кој ги нуди сите можности за работа, за рехабилитација. Опремен е на високо европско ниво и можам да кажам само секоја чест за идејата, концептот и реализацијата. Оние кои ќе имаат потешки повреди, особено ние, спортистите, кои почесто сме изложени на такви, ќе можат многу побрзо да се вратат на спортските терени“, вели најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.

Станува збор за најсовремениот и најмодерно опремен центар за здрав живот во земјава кој на едно место нуди комплетна интегрирана грижа за здрав живот – физикална медицина и рехабилитација, нутриција и  диетологија и во него работи докажен тим на доктори, физиотерапевти, доктор по спортска медицина, нутриционисти, професионални тренери и сертифицирани инструктори со долгогодишно искуство зад себе.

Елиф Елмас е ѕвезда во подем, а за него светските медиуми пишуваа дека е дијамант во македонскиот фудбал. Самиот е воодушевен од центарот.

„Искрено, според мене, овој центар има максимални услови кои се ставени на располагање на сите граѓани. Бев изненаден многу позитивно, првпат некоја болница дава услуги со ваков квалитет во физикалната и рекреативна рехабилитација. Се надевам дека другите болници ќе ги следат овие чекори во кои ‘Аџибадем Систина’ е пионер. Секоја чест“, вели Елиф Елмас.

Дополнително гордост за Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е што на фудбалското првенство со репрезентацијата заминуваат и  нашите физиотерапевти Бојан Цаневски и Бојан Силјановски, кои ќе се грижат за здравјето и кондицијата на фудбалерите.

За Пандев и Елмас присуството на нашите физиотерапевти е исклучително важно за тимот.


ПР објава