Пандев: Оваа генерација не е со македонски менталитет, затоа е најдобра
Горан Пандев вели дека заслугата што македонската репрезентација ќе заигра на Европското првенство во фудбал е заслуга на менталитетот на тимот и на селекторот, кој спред него не е македонски.
Според капитенот на нашата репрезенатција, оваа фудбалска генерација се разликува од другите.
- Пред 3-4 години кажав дека ова за мене е најдобра генерација, бидејќи оваа генерација се разликува многу за мене од другите. Мислам дека оваа генерација го нема нашиот балкански, македонски менталитет, го има овој европски менталитет и ние имаме респект спрема секој противник. Но, знаеме што можеме да дадеме, и мислам дека оваа генерација и овој селектор го красат овој менталитет кој е победнички, но не е балкански, не е македонски менталитет, ова а европски менталитет“, изјавил Пандев во емисијата Еден на Еден која ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30.
Во интервјуто кое го направи Жаре со нашите фудбалери, освен Панев гостуваат и Елиф Елмаз, Езѓан Алиоски и селекторот Игор Ангеловски- Мрме.