Патници во крилата: Новиот авион ќе му се спротистави на коронавирусот
Авионот користи најнапредни методи на развој, а неговата електрична верзија е планирана во иднина. И тоа многу наскоро.
Холандската авиокомпанија КЛМ го финансира развојот на авион во форма латинската буква „V“ во кој патниците ќе можат да седнат во крилниот простор, со што авионите ќе бидат поефикасни. Поради неговиот футуристички изглед, тој ќе биде повеќе аеродинамичен, така што ќе треба 20 проценти помалку гориво од тоа што е на „Ербас А350“, најнапредниот авион што моментно го троши.
Истражувачите најавија дека прототипот е готов, но комерцијалната верзија на авионот би можела да се биде на наскоро или додека не стивне пандемијата со коронавирусот.. Идејата за толку одржлив авион, кој може да смести патници, багаж и резервоари за гориво во своите крилја, ја иницираше Устуциус Бехад, кој тогаш беше студент на Берлинскиот технички универзитет.
Техничкиот универзитет Делфт во Холандија, кој сега соработува со KLM, е одговорен за понатамошен развој.
Како и напредниот „Ербас“, A350 Flying V ќе може да прими 314 патници и 160 квадратни метри багаж, и ќе го има истиот распон на крилјата и ќе може да минува низ истите хангари, лета на истата писта, итн. На подолги растојанија ќе можат да лета со помала потрошувачка односно ќе биде поодржлив систем на летање, како што велат од компанијата.
„Летечкиот V “ е помал од A350 и има помал простор за прилив во однос на волуменот и затоа има помал отпор. Што значи дека треба помалку гориво за исто растојание“, вели д-р Роулоф Вос, проект менаџер во ТУ Делфт кој исто така додава дека за прв пат еден авион од самиот почеток ќе биде припремен за пандемии, како што е оваа со коронавирусот.
Исто така, ги користи најнапредните џет-мотори кои се на располагање и може да се развиваат во иднина во електрична смисла.
Овој авион ќе им помогне да ги постигнат своите цели за развој на одржлив систем и цели за намалување на емисијата на СО2 за 35 проценти до 2030 година.
„Нашата крајна цел е лет без емисија“, потенцира Вос.