Патувајте во Истанбул за да следиме Ф1 трка – незаборавно искуство!

Формула 1 претставува најголемата сцена за моторспортот и авто-трките, чии почетоци датираат уште од 50-тите години од минатиот век. Сега имаме можност да следиме Ф1 трка со Папилон туристичка агенција.

Да следите Формула 1 во живо е навистина уникатно искуство, бидејќи се наоѓате на неколку метри од формули кои патуваат со брзини над 350 километри на час, со најврвните достигнувања во моторспортот и можнсот да ги гледате врвните возачи како Lewis Hamilton, Sebastian Vettel, Max Verstappen и многу други.

Настанот трае 3 дена, при што во петок традиционално се одржуваат тренинзите, во сабота се одржува еден тренинг и квалификации, како и недела кога се одржува главната трка. Локациите на кои се организирани трките се легендарни на светско ниво, како на пример Монако, Монца, Дубаи и нормално, Инстабул.

Понудата од Папилон Ве носи во главниот град на Турција, а можете да прочитате кратки детали подолу.

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

8 Октомври (Петок)  СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 07:45 часот. Полетување за Истанбул во 11:40 часот. Слетување во 14:00 часот по локално време  на аеродром Сабиха . Oрганизиран трансфер до хотел. Сместување во DELTA HOTEL OLD CITY 4* или сличен. Слободно време за индивидуални активности.

9 Октомври (Сабота)  ИСТАНБУЛ 

Појадок. Организиран трансфер до Istanbul Intercity Park за присуство на квалификацијата и повратен трансфер до хотелот. Попладне слободен ден за индивидуални активности или факултативни посети како Долмабахче палатата, првата палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Вечерта можност за факултативно крстарење по Босфор. Ноќевање.

10 Октомври (Недела)  ФОРМУЛА 1 ИСТАНБУЛ 

Појадок. Ден на главниот настан, организиран трансфер до Istanbul Intercity Park за посета на трката во Формула 1 за големата награда на Истанбул.  Уникатно искуство кое мора да се доживее. Трансфер на релација Хотел – Ф1 – Хотел. Ноќевање.

11 Октомври (Понеделник)  ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Трансфер до аеродромот во Истанбул. Полетување за Скопје во 10:25 часот (локално време). Пристигнување во 10:55 часот (локално време).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ: ОД 529 ЕУР 

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ - https://papillon.com.mk/ponuda/formula-1-grand-prix-istanbul-2021/

ПР објава