Спорт // Спорт
Перишиќ го напушта Интер, следно е клуб од Премиерлигата
Иван Перишиќ ќе биде нов играч на Тотенхем, тврдат медиумите од Италија и Англија.
Хрватската фудбалска ѕвезда, нема да ја продолжи соработката со Интер, кој му нуди помала плата од посакуваното.
Перишиќ е слободен играч, му заврши договорот со Интер, во понеделник ќе потпише за Тотенхем и ќе игра на „Вајт Харт Лејн“.
Антонио Конте е факторот поради кој Перишиќ ќе дојде во Тотенхем, со овој клуб ќе потпише договор на две години.
Перишиќ во Интер играше од 2015 година, а една сезона беше позајмен на Баерн Минхен, за клубот од Милано запиша 208 натпревари, постигна 49 гола.