Пијалак за имунитет кој го пие Новак Ѓоковиќ: Без него не започнува да тренира - полн е со ВИТАМИНИ
Најдобриот
тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја сподели тајната на својот имунитет - секое
утро пие сок од целер кој е полн со витамини и има бројни предности.
Доколку досега не сте пробале сок од целер или вешто сте го избегнувале, време е да престанете. Целерот, зеленчук кој се наоѓа во пирамидата Тутанкамон, содржи многу малку заситени масти и холестерол. Коренот, стеблото и листот се користат во исхраната, а во последните години добива голема популарност.
Неговиот синоним е „течен лек“, а ладно цедениот пијалок има специфичен вкус и мирис на кој многумина не можат да одолеат. Сепак, најголемата предност на овој пијалок лежи во зајакнувањето на имунитетот. Самото растение и неговите семиња содржат соединенија кои нутриционистите ги нарекуваат фитонутриенти. Имаат силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства, благодарение на апигенинот и лутеолинот.
Витаминот К, добиен од растенија како целерот, е еден од најефикасните за заштита од остеопороза и скршеници или испукани коски. Овој витамин овозможува таложење на калциум во коските и го спречува создавањето на остеокласти, односно клетки кои ги разградуваат коските.
Целерот е составен дел на супите и чорбите, а како зачин се користат и суви семки од целер. Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ неодамна детално објасни како се храни, а секое утро пие топла минерална вода со лимон и лимета, како и свежо цеден сок од целер.
„Овој сок е полн со минерали, соли и сè уште неоткриени елементи кои го чистат вашиот црн дроб. Тој прави чуда и за мене и за мојата сопруга и за нашите деца. Сепак, тие не го земаат чист, туку со додаток на краставица или сок од јаболко“, им откри Новак Ѓоковиќ на своите следбеници на социјалните мрежи, нагласувајќи дека верува оти овој сок е клучот за неговото силно здравје.
Една неодамнешна студија покажа дека луѓето кои пијат сок од стебленца целер најмалку три пати неделно имаат 76 отсто помал ризик од развој на Алцхајмерова болест. Имено, ова растение е богато со лутеолин, флавоноид кој произведува природно антиинфламаторно дејство кое спречува болести на мозокот, ги подобрува неговите когнитивни функции и ја штити и подобрува меморијата.
Фото: колаж - unplash/ иНстгарам - Новак Ѓоковиќ